Олимписки базен "Центар"

Олимпискиот базен "Центар" има 24/7 целосно електронска филтрација на вода, контролирана од Центарот за јавно здравје - Скопје, највисок степен на хигиена согласно ЕУ стандардите, двојна изолација, константна температура, подно греење и севкупно најдобри услови за вашето спортување па ваше е да имате желба да спортувате.

Олимписки базен "Центар"

Олимпискиот базен “Центар” ви го претставува пливањето и можноста да го исползувате денеска најпрепорачуваниот спорт во светските трендови за спорт и рекреација, како и за ослобување од секојдневниот стрес и мускулна релаксација според Светската здравствена организација.

Бројните медицински истражувања без ниту еден исклучок покажуваат дека пливањето е спорт којшто го подобрува здравјето и физичката кондиција кај човекот преку кардиоваскуларниот систем,ја подобрува целата мусклатура на телото особено вретенестите мускули за правилна функција и позитивно влијание врз кичмениот столб (discus hernia, ишијас, спондилоза) којшто се нотира како многу голем проблем во денешнината бидејќи голем дел од времето се минува со седење пред компјутер или ТВ.

Според Светската здравствена организација овој спорт е најважен кај развојот на децата, бидејќи истиот го поддржува значајно развитокот и јакнењето на срцевиот мускул како и зголемување на капацитетот на плуќата во време во кое се гушиме од нечист воздух кај децата меѓутоа повеќе и кај возрасните бидејќи секојдневно се излезени од домовите.

Според истражувањата на Американските здравствени институции пливањето има огромно влијание врз концентрацијата бидејќи додека пливате се овозможува мир и неоптеретување на мозокот за подоцна истиот да биде порелаксиран и да функционира подобро.

Водата овозможува природен притисок врз реплицирањето на природните човечки движења, што го помага обновувањето на врзувните влакна на мускулите.

Олимпискиот базен е единствениот во државата со технолошка и хемиска исправност на вода проверувана од Центарот за јавно здравје – Скопје СЕКОЈА НЕДЕЛА, како и со олимписки димензии на двата базен, и големиот и малиот.

Исто така за безбедностна на нашите рекреативни посетители се грижат спасители и инструктори за безбедност на вода при секоторот за безбедност на вода на Црвениот крст на Р.С.Македонија како меродавна институција од таа област.

Спортски поздрав,

Кликнете тука за да ја посетите нашата facebook fan страна и да ги видите сите новини.

Соработници :